Мажите по 50. се изложени на ризик, еректилната дисфункција е еден од симптомите на тежок тип на рак

Околу еден од осум мажи ќе заболат од рак на простата во текот на својот живот, според статистичките податоци во Велика Британија. Тој е еден од најчестите типови на рак кај мажите, со повеќе од 50.000 нови случаи дијагностицирани секоја година.
Факторите како што се возраста, семејната историја и етничките групи ќе ја зголемат веројатноста кај мажот да ја развие оваа болест. Кога станува збор за раните знаци на кои треба да внимавате, сите невообичаени или драстични промени во навиките за мокрење се главен индикатор. Но, што е со еректилната дисфункција?
Се смета дека андрогените (машки) хормони, вклучувајќи го и тестостеронот, го забрзуваат растот и поделбата на клетките на простатата. Колку побрзо растат овие клетки, толку побрзо мутираат клетките на простатата. „Бидејќи ракот на простата е една од најчестите форми на рак кај мажите, важно е да се знаат предупредувачките знаци за рано откривање на болеста“, рекол надзорниот фармацевт Навин Хосла.
„Ризикот од рак на простата се зголемува со возраста. По 50-тата година, би ве советувал да правите редовни прегледи на простата кај вашиот лекар. Овој ризик дополнително се зголемува ако имате историја на рак на простата во вашето семејство, а исто така и ако сте од Афро-карипско или африканско потекло. Доколку е така, би ве советувал да започнете со редовни лекарски прегледи од 45-та година“, истакнал Хосла.
Според Хосла, главните рани знаци кои потенцијално предупредуваат за рак на простата вклучуваат: мокрење почесто од вообичаено, особено ноќе, слаба контрола над мокрењето (тешкотии при започнување или запирање на мокрењето или слаб проток на урина), чувство на болка или печење при мокрење или ејакулација, крв во урината или спермата и ненадејна еректилна дисфункција.

This image has an empty alt attribute; its file name is maz-strada.jpg


Тешкотијата за постигнување ерекција обично се јавува во одреден временски период и може да се должи на проблеми со циркулаторниот или нервниот систем. Експертите предупредуваат дека ако еректилната дисфункција се појави од никаде, тоа може да укажува на рани симптоми на рак на простата.

Доколку се соочите со овој проблем, ве советуваме да бидете особено внимателни за другите невообичаени и придружни симптоми и веднаш да разговарате со вашиот општ лекар. „За жал, не постои начин целосно да се искорени ризикот од развој на рак на простата“, рекол Хосла.


Хосла советува неколку промени во животниот стил кои можат да помогнат, вклучително и одржување на здрава исхрана и вежбање. „Исто така, намалувањето на внесот на животински масти и потрошувачката на преработено месо може да помогне да се намалат овие ризици“, додал тој.

Тестот за специфичен антиген за простата (PSA) им помага на лекарите да го утврдат ризикот од рак на простата кај една личност. Станува збор за тестови на крвта кои се прават на мажи над 50 години и кои го мерат нивото на PSA.


„Нивото на PSA може да се зголеми од други состојби кои не се канцерогени“, тврди Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS), додавајќи: „Покачените нивоа на PSA исто така не можат да му кажат на вашиот лекар дали имате или не опасен по живот рак на простата. Ако имате покачено ниво на PSA, тие може да ве испратат на МРИ скенирање на простатата за лекарите да одлучат дали ви требаат дополнителни тестови и третман“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Денис Кралевски од Македонија доби шанса за втор живот благодарение на лекарите од УМБАЛ „Св. Ана“ во Софија

Тимот на д-р Станислав Јорданов од болницата „Св Ана“ во Софија му даде шанса на …