Ви претставуваме намирници кои ќе ви помогнат да го исчистите и обновите црниот дроб, како и да го вратите неговото здраво функционирање.
1. Јаболка
Јаболките се богати со пектин, кој му помага на телото да се исчисти и да ги ослободи токсините од дигестивниот тракт.
2. Зелен чај
Зелениот чај помага во отстранување на токсините и складираните масти од телото, а ја зголемува и хидратацијата на телото.
3. Авокадо
Авокадото е богато со важни состојки кои играат клучна улога во намалувањето на оштетувањето на црниот дроб.
4. Лук
Лукот ги активира ензимите во црниот дроб и помага да се елиминираат токсините од целото тело.
5. Грејпфрут
Грејпфрутот е добар извор на витамин Ц, антиоксиданси и пектин.
6. Зелен зеленчук
Зелениот зеленчук го поттикнува создавањето и нормалниот проток на жолчен сок, кој помага да се отстранат отпадните материи и вишокот холестерол од телото.
7. Лимон
Лимонот го чисти црниот дроб и е полн со антиоксиданси. Препорачуваме утрото да го започнете со чаша млака вода со сок од половина лимон. На овој начин го чистите и го забрзувате целиот метаболизам.
8. Кромид
Кромидот е богат со алицин и помага да се исфрлат токсините од црниот дроб и дигестивниот тракт.
9. Цвекло
Цвеклото е богато со бета каротин и растителни флавоноиди, кои помагаат во стимулирање и подобрување на функциите на црниот дроб.
10. Ореви
Оревите се богати со омега 3 масни киселини, аминокиселина аргинин и глутатион, кои го поддржуваат нормалното функционирање на црниот дроб.