Славниот шпански голман Икер Касиљас ја изненади јавноста со својата објава на Твитер.
Се сомнева дека неговиот профил бил хакиран бидејќи е објавено дека голманот е геј.
„Се надевам дека го почитувате тоа. Јас сум геј“, гласи твитот кој ги збуни следбениците на Икер Касиљас.
Многумина веруваат дека неговиот профил бил хакиран, а и без потврда од голманот, луѓето главно не веруваат во оваа информација.
Касиљас во текот на кариерата беше во јавни врски со неколку жени, а моментално е разведен.

Во меѓувреме оваа објава од профилот на Касилјас е отстранета.