(ВИДЕО+ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО Е – Ливерпул е домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023. година

Евросонг во 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, соопштено е на официјалните профили на тој музички натпревар.
Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, што идната година се одржува во Велика Британија. Во финалето влезе и Глазгов, но победата сепак му припадна на Ливерпул.

„Никаде немаат забави како нас“, изјавила градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон за време на натпреварот. „Домот на Битлси е подготвен да приреди шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додала таа.
Ливерпул, кој е град на музиката на УНЕСКО од 2015. година, е синоним за „Битлси“ и има богато музичко наследство.
Во 2008. година, градот беше домаќин на MTV Europe Music Awards и исто така е дом на Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул.


Иако Украина победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, поради ситуацијата во оваа земја, улогата на домаќин му припадна на Ливерпул.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која управува со Евровизија, заклучила дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели на натпреварот.

Украинската влада се согласила настанот да се одржи во Велика Британија, но тој мора да зрачи со украинскиот дух и карактеристики.
Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо, кој обединува изведувачи од цела Европа и Централна Азија, како и Израел и Австралија.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …