ЧЛЕН НА СЛАВНО СЕМЕЈСТВО – Ромео Бекам изненадувачки се приклучил на клуб од Премиершип 19 години по заминувањето на неговиот татко

Ромео Бекам, синот на познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, се приклучил на тимот на Брентфорд каде тренира и се обидува да добие договор.
Младиот Ромео (20) се уште е под договор со американскиот МЛС тим Интер Мајами. Сепак, како што пишува Times, синот на славниот фудбалер му се приклучил на Брентфорд и таму тренира во обид да добие договор.
Доколку добие шанса, раскинувањето на договорот со Интер Мајами не би му претставувало проблем бидејќи неговиот татко Дејвид е еден од сопствениците на американскиот клуб и секако дека би му било во цел да му дозволи на синот да се пресели во Англија.
Овој потег е целосно изненадувачки со оглед на тоа што на Ромео Бекам не се гледало како на голем талент и како на играч кој може да направи кариера во англискиот фудбал. Сепак, Ромео моментално тренира со „Пчеличките“ и се обидува да добие договор.
Не се знае колку време ќе остане таму и дали ќе се избори за шанса. Бекам засега тренира со Б тимот на Брентфорд, но доколку се покаже како можно засилување ќе биде префрлен во првиот тим.


Оваа информација доаѓа точно 19. години откако неговиот татко Дејвид ја напушти Премиер лигата и од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид.
Интересно е тоа што младиот Ромео тренирал со Арсенал до 2014. година, но потоа фудбалот го заменил со тенис. Тој се обидувал да ја изгради својата тениска кариера до 2021. година, но потоа одеднаш потпишал за клубот на неговиот татко, Интер Мајами.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …