„Чичко” вечер го отвора МФФ Киненова: Актерската ѕвезда Горан Богдан и режисерите Давид Капац и Андрија Мардешиќ гости на Фестивалот

МФФ Киненова на вчерашната прес конференција претстави дел од екипата од филмот „Чичко” кој вечер го отвора Фестивалот. Во Скопје допатуваа режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, кои го потпишуваат хрватскиот филм „Чичко”и актерот Горан Богдан, кој покрај Мики Манојловиќ толкува една од главните улоги. Со нив разговорот го започна уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска која ги претстави гостите од Хрватска.

This image has an empty alt attribute; its file name is VIK_1802.jpg


-Не доаѓам прв пат во Скопје. Сум го посетувал и како студент тогаш доаѓав на „Скомрахи”, бев и на неколку фестивали. Го сакам Скопје и прекинав едно снимање за да дојдам, рече Богдан.
Вели дека несигурноста е составен дел на оваа професија.
-Сигурно дека сценариото е првиот чекор во изборот на улогите, но Давид јас и Андрија бевме заедно на академија. Приказната за „Чичко” постои многу одамна и сосема поинаку изгледаше на почетокот. Мислам дека имаме некаква заедничка нишка сите тројца, а тоа е за кого го правиме ова. И ние самите сме почнале како публика. Таа ја препознава и ја вреднува таа наша заиграност. Ние се занимаваме со оваа работа, дел сме од таа машинерија за да ја одржиме таа чистота и што подолго да си играме и да бидеме чесни во тоа. Тоа не одржува млади. Мислам дека нема разлика во регионот и во светот во однос на публиката, вели Богдан.

This image has an empty alt attribute; its file name is VIK_1997.jpg


Режисерот Андрија Мардешиќ објасни дека проектот траел седум години.
–Од несериозен стана сериозен филм. На неколку работилници го развиваме сценариото и сите не водеа во различни правци и потоа некако со сопствена навигација стигнавме до резултатот. Имаше многу ментори и тоа многу ни помогна да сфатиме што всушност не сакаме. Сите тројца сме деца на видеотеките, стриповите, книжарниците. Така што и кога работиш некој филм сето тоа е аспект на тебе самиот, вели Андрија.

This image has an empty alt attribute; its file name is VIK_1884.jpg


Капац, пак, објасни дека во еден момент сфатиле дека филмот мора да го снимат.
-Во Карлови Вари беше премиерата на филмот. Идејата која ја имавме на почетокот ни помогна да истраеме и затоа филмот е ваков каков што е. Менторите не водеа во некаква семејна драма, божиќна драма, но опстоивме на идејата. Во принцип за семејството точно се знаеше кои актери ќе ги толкуваат улогите. Работевме заедно. За улогата на чичкото имавме идеја тоа да биде помлад актер, но кога тргна снимањето правевме кастинзи и во тој процес сфативме дека всушност ни треба постар актер. Тоа не фрли во депресија бидејќи знаевме само едно единствено име кое може да ја толкува улогата а тоа беше Мики Манојловиќ, и се мислевме како да го добиеме за нашиот дебитантски филм. Дојдовме до ѕид со продукцијата. Му го пративме сценариото и за многу кратко време ни се јави. Многу му се допаднало и прифати. Имавме малку проблем со термините за снимање бидејќи и Горан и Мики се зафатени со други снимања, но лесно најдовме драматуршки одговори за да се сними „Чичко”, рече Капац.

Небојша Јовановиќ, директорот на фестивалот Киненова и селекторот на програмата Игор Анѓелков посочија дека биле едногласни во одлуката филот „Чичко” да биде дел од годинешната програма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …