(ФОТО) Погледнете го нејзиното лице: Папараците „ја фатиле“ Синди Крафорд пред спа центар во шестата деценија без шминка

Познатиот супермодел од 90-тите блеска на улиците на Санта Моника во својот кежуал стил
Таа има 56. години, а има кариера на која можат да и позавидат многу нејзини помлади колешки во светот на модата и филмот. Синди Крафорд е име кое е синоним за безвременска убавина.
Таа неодамна била фотографирана на улиците на Санта Моника, облечена во фармерки со широки ногавици, маица на која пишува „Љубов“, црни сандали, кожна чанта и бомбер јакна. Изгледот го комплетирала со очила за сонце и препознатлива разбушавена фризура.

This image has an empty alt attribute; its file name is sindi-kraford-1.jpg


Оваа убавица порано беше незаменлив дел од сите ревии и кампањи на големите модни брендови, а сега по тој пат тргна и нејзината ќерка Каја Гербер (21), која стана заштитно лице на многу брендови.
Изгледа дека фармерките на сликата можеле да бидат позајмени од Каја, бидејќи високиот струк кој ги истакнува нејзините долги нозе изгледа многу младешки.

This image has an empty alt attribute; its file name is sindi-kraford-2.jpg


Синди е во брак со Ренди Гербер од 1998. година, со кого покрај ќерката го има и синот Пресли Вокер Гербер (23).
Сè уште се паметат нејзините видеа со вежби за обликување на телото, кои беа едни од најпопуларните во тоа време.
Инаку, пред бракот со Ренди, позната е и нејзината врска со актерот Ричард Гир, а во тоа време важеа за еден од најубавите парови во Холивуд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …