(Фото Галерија) Аутомакедонија со електричен автобус, вовед во урбаната електромобилност

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус -Isuzu NovoCITI Volt и во Македонија. NovoCITIVOLT се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а завршниот настан се случува денес во главниот град, со презентација на NovoCITIVOLT пред локалните оператори и претставниците на бизнис секторот. Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од нивната непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.

Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITIVoltја поддржаа и еколошката акција “Куманово мој зелен дом”, организирана од страна наОпштина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своите 0% емисија на CO2придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.


Со својот електричен мотор и импресивниот дизајн, NovoCITI VOLT претставува најкомпетентно решение на пазарот кога станува збор за 0% емисии, ниска бучава и модерен концепт, кои се највисоко рангирани меѓу општинските приоритети во градскиот јавен превоз.

Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања. Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Покрај бенефитите за операторите и локалните власти, NovoCITI VOLTим обезбедува пријатно возење на патниците со својата пространа и удобна внатрешност и комплетната бесшумност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.
Иднината на градскиоти меѓуградскиот транспорт е тука – Isuzu Novociti Volt!


Компанијата Аутомакедонија оваа година го прославува своето 75 годишно постоење на нашиот пазар. Со обележувањето на овој значаен јубилеј, Аутомакедонија воедно ја истакнува и својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност во сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ: Tesla Model Y удрил во два автомобили во Кина, загинале две лица

Кинеските власти започнале истрага по уште една фатална сообраќајна несреќа во која учествувал електричниот автомобил …