СО КОГО ЌЕ ПРОСЛАВУВА? Путин го слави својот 70-ти роденден, московскиот патријарх ги замолил сите да се молат за неговото здравје

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ќе го прослави својот 70-ти роденден. За разлика од претходните години кога роденденот го прославуваше ширум Русија, овојпат неговиот роденден ќе остане во сенка на руската инвазија на Украина.
По повод роденденот на рускиот претседател говорел и московскиот патријарх Кирил кој ги повикал сите граѓани и свештеници да се молат за здравјето на Владимир Путин.
Тој исто така ги советуваше верниците да не се молат само на 7. октомври, туку и во наредните денови.
„Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ќе наполни 70. години. Неговата Светост Патријархот Московски Кирил ги поттикнува сите монаси, свештеници и граѓани на овој ден усрдно да се молат во своите домови за здравјето на првиот човек на руската држава“, пишува во писмото на патријархот, пишува Kommersan.

This image has an empty alt attribute; its file name is putin-kremlj.jpg
Инаку, Владимир Путин претходните години често ги поминуваше родендените во природа со своите најблиски соработници, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Рускиот претседател го прослави својот роденден во 2019. година во планините на јужен Сибир, поточно во областа Тува која граничи со Монголија.
„Путин беше придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу и заедно береа печурки. Подоцна се одморија и пиеја чај“, објавија тогаш руските медиуми.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вера Ванг споделила ретка семејна фотографија: Изгледа младолико скоро како нејзините ќерки

Модната дизајнерка Вера Ванг има 73. години, но сите што ја познаваат велат дека престанала …