Каква ќе биде зимата? Лисјата што паѓаат кажуваат дали доаѓаат ЛЕДЕНИ ДЕНОВИ

Постојат различни народни верувања, а некои од нив се однесуваат и на зимските денови
Метеоролозите често се способни да направат грешки при проценката на временските услови, но поради различни климатски фактори, кои секојдневно се менуваат, не можеме да ги обвинуваме.
Сепак, има луѓе кои не ја следат временската прогноза, туку врз основа на растенијата и животните одредуваат какво време е пред нас.

Едно од таквите народни верувања е ова: ако лисјата не паднат од дрвјата, зимата ќе биде тешка. И обратно, доколку паѓаат, зимата ќе биде слаба и без снег. Покрај ова верување, кај нашиот народ има и многу други верувања кои се однесуваат на временските услови. Некои од нив се: „Колку магла во октомври, толку снег во февруари“, „Ако е ведра ноќ во пресрет на Преподобен Киријак Отшелник, зимата ќе има поголема моќ“, се вели во народот.


This image has an empty alt attribute; its file name is zima.jpg

Ако им се верува на народните обичаи и предвидувања, бројните животни можат да ни кажат какво ќе биде времето. Со следење на мравките, кртовите, полжавите и другите животни, можно е да се соберат податоци кои подоцна може да се поврзат и да се состават во прогноза за подолг временски период.


Затоа, доколку ве интересира каква ќе биде оваа зима, само погледнете низ прозорецот во блиските дрвја и одговорот е таму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …