(ВИДЕО) Ѓоковиќ доминантно до полуфинале!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот од серијата 500 во Астана, откако го совлада Карен Хачанов со 6:4, 6:3.
Тоа беше седма победа за Ѓоковиќ во осум меча со Хачанов.
Новак во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Данило Медведев и Роберто Баутиста Агут.
Во второто полуфинале ќе играат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.


Ѓоковиќ добро го започна натпреварот и веќе направи брејк во вториот гем. Потоа ги врати сите сервиси на Хачанов освен еден – Русинот ја спаси првата брејк-точка со силен форхенд, потоа Новак одигра одличен дијагонален форхенд под остар агол за уште една брејк-точка, а во следниот поен наиде на грешка на ривалот. Во гемот пред и потоа тој не загуби ниту еден поен на свој сервис – 3:0 за десет минути.
Се чинеше дека сè оди на воденицата на Новак, но Русинот прво го зема гемот на свој сервис – на голема радост на публиката – а потоа го врати брејкот. Три грешки на Новак за 15-40, Ѓоковиќ со добар сервис ја спаси првата брејк топка, на втората имаше иницијатива и напаѓаше, но промаши не толку тежок волеј (3:2).
Новак постојано се закануваше во гемовите на Хачанов, кој додуша го подигна нивото на игра, но Ѓоковиќ ги доби следните два гема на свој сервис без да загуби поен. Конечно при 5:4 за Новак кој наиде на киксот на Хачанов во долга размена за брејк и сет топка, а во следниот поен следуваше одлична одбрана и на крајот пасинг – 6:4.

Новак пропушти брејк топка во вториот гем од вториот сет, но затоа доби нова шанса во четвртиот. На 30-30 врати сервис од 221 км/ч и чекаше грешка на Хачанов, да симне две линии на брејк топката – прво со бекхенд, а потоа со паралелен форхенд за победникот и 4:1.
До крајот Ѓоковиќ имаше само мали проблеми во последниот гем, кога Хачанов врза два одлични удари и поведе со 15-30. И покрај тоа, Новак се извлече – одличен сервис, па брејк и ас за крај, 6:4, 6:3 и полуфинале.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …