(ВИДЕО) НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ – Кејт Мидлтон грубо ја пречекале во Северна Ирска, ѝ рекле: „Подобро да си во својата земја“

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон вчера ја посетија Северна Ирска, а по тој повод принцезата од Велс се соочила со непријатна ситуација.

За време на нејзината прошетка во Белфаст, Кејт ја сретнале многу луѓе кои и посакале добредојде, но наишла и на една помалку пријателски настроена дама, поради што оваа средба можеби нема да и остане во убаво сеќавање.
Кејт се ракувала со толпата кога на ред дошла дамата во зеленото палто, која имала и порака за принцезата.
Додека се ракувале, таа на Кејт и рекла: „Убаво ми е што те запознав, но подобро ќе беше да си во својата земја“.


Судејќи по видеото, госпоѓата го снимала целиот момент со својот мобилен телефон, а додала дека „Ирска им припаѓа на Ирците“.
Принцезата од Велс само се насмеала на оваа непријатна забелешка, а откако ја пуштила раката, не дозволила да биде расеана и се погрижила за другите луѓе.
Кејт многумина ја пофалиле дека останала воздржана, додека дамата во зелениот капут била критикувана за нејзиното „дрско однесување“:
Инаку, со Ирска претходно владееше Британската империја. Независноста беше постигната во 1922. година, но Северна Ирска остана под британската круна, што предизвика бројни контроверзии.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …