(ФОТО) Ќерката на кралицата Елизабета Втора со еден гест ја воодушевила јавноста за време на нејзиното појавување во јавноста

Принцезата Ана, ќерка на покојната кралица Елизабета и принцот Филип, ја воодушеви јавноста со гестот додека била на аеродромот ЏФК во Њујорк.
72-годишната принцеза пристигна на аеродромот за да фати лет за Лондон по претходен престој во САД.
Во таа прилика била забележана како сама го носи сопствен багаж, што е сосема невообичаено за член на кралското семејство.
Иако пристигнала во придружба на обезбедување, Ана не била со празни раце. Во едната ја носеше чантата, а во другата торба со работи.


Таа е фотографирана во елегантна црна комбинација која ја комплетирала со свилено бел шал со детали во црна и златна боја.

Инаку, ова е второ јавно појавување на принцезата откако почина нејзината мајка, кралицата Елизабета Втора. Таа претходно ја посети поморската база Портсмут каде што се сретна со персоналот вклучен во погребот.

Нејзината посета на САД е прва посета на член на кралското семејство на оваа земја откако Хари и Меган се откажаа од своите титули и се преселиле таму.
Ана, која често ја нарекуваат „највредниот член на семејството“, била во последните моменти покрај нејзината мајка. На денот на нејзиниот погреб, како нејзина ќерка, таа беше единствената жена која одеше зад нејзиниот ковчег.
Потоа ја изненади јавноста кога и покрај тоа што беше уништена, се поклони пред ковчегот на мајка си, со што го испочитува кралскиот протокол.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …