(ФОТО) Тренерот монструм осуден на 109. години затвор

Бразилскиот тренер Фернандо де Карваљо Лопес е осуден на 109. години и осум месеци затвор поради силување на четири гимнастичарки.
Случајот бил откриен во 2018. година и тој конечно беше осуден откако сексуално злоставувал четири спортистки, од кои едната е малолетна.
Тоа не биле единствените обвинувања, бидејќи повеќе од 40. спортисти и спортистки откриле дека Лопес ги злоставувал во периодот од 1999. до 2016. година.

Според весникот Globo Esporte, една од жртвите имала само 13. години кога на родителите им кажала што и се случило во гимнастичкиот тим во 2016. година.
Кога се проширила веста за нападот, се јавиле уште седум лица, некои како сведоци, а други како жртви, иако случајот бил на маса повеќе од две години.
Тоа било во 2018. година, а по повеќемесечна истрага, се јавиле околу 40. лица да го тужат поранешниот тренер за сексуална злоупотреба, поради што Вишиот спортски суд му забранил да се бави со гимнастика.


Сепак, Карваљо Лопес, кој бил исфрлен од репрезентацијата на Бразил еден месец пред Олимпијадата во Рио во 2016. година, инсистира дека е невин и ќе поднесе жалба на пресудата, па му е дозволено да остане на слобода за време на жалбената постапка.
Во пресудата, судијката Фернанда Алвес да Рока навела дека по докажаните злосторства врз четирите жртви, вкупната казна е 109. години и осум месеци затвор.
Таа додалс дека тој е осуден на затворска казна поради сериозноста и суровоста на кривичното дело кое обвинетиот го правел подолг временски период, во кое го користел својот статус на тренер и авторитетот што го имал.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …