(ФОТО) Кристијан Бејл искрено: Актерите денес добиваат само улоги кои Ди Каприо ги одбива

КРИСТИЈАН БЕЈЛ далинтервју за GQ во кое истакнал дека својата голема кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо. Тој тврди дека кариерата ја изградил на улогите кои Ди Каприо ги одбил затоа што режисерите редовно оделе прво кај него, а потоа кај сите други актери.


„Не сум само јас. Видете, денес е така, и така е некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога што Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска со тоа колку сте добри со режисерот, секоја улога што сум ја играл му била понудена претходно“, изјавил Бејл и потоа додал:

View this post on Instagram

A post shared by Christian Bale (@christianbale_)



„Постојат голем број луѓе кои ми го кажаа тоа. Затоа, ти благодарам, Лео. Тој буквално може да избере што ќе прави. И добро е тоа за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добив каков било дел, јас сум свесен дека не можам да се однесувам како што тој глуми. Не можев ни да живеам со славата со која живее, а тој тоа го прави на одличен начин“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОСЕБНА ПОСВЕТА – Никогаш почудно модно издание на Џули Робертс: Со фустан одала почит на колега

Џулија Робертс решила да му оддаде почит на својот колега Џорџ Клуни со своето најново …