Светската ѕвезда André Rieu повторно во Скопје!

“Кралот на валцерот” Андре Риу заедно со својот оркестар „Јохан Штраус“ и комплетно нова програма, повторно ќе гостува во С.Ц. Борис Трајковски – Скопје.

Поради моменталната ситуација, Андре Риу и неговиот оркестар “Јохан Штраус”, се принудени да го одложат својот концерт во Скопје, за 23-ти ноември 2022-ва година.


“Здраво, драги мои пријатели од Македонија! Јас и мојот оркестар со нетрпение го очекувавме враќањето во вашата прекрасна земја и големиот настап пред македонската публика. Но, безбедноста на големото “Андре Риу семејство“, составено од вас – мојата драга публика, целиот мој тим и музичарите, секогаш доаѓа на прво место! Ви благодариме за трпението и ве моламе да останете во добро здравје! Многу љубов од Мастрихт!” – вели Андре Риу.

Сите набавени билети остануваат валидни за новиот датум – 23.11. 2022 година во СЦ “Борис Трајковски”


Билетите со органичена видливост се билети за седишта од кои делумно е попречена прегледноста кон сцената (на пример: бариери, звучник, камера, сценографија или делови од инфраструктурата на концертната сала). Поради оваа причина, овие билети се продаваат по пониска цена. Билетите за седиштата од ваквите позиции во арената кои се пуштени во продажба се однапред јасно обележани како билети со „ограничена видливост“. Оттаму и евентуалните барања за замена/преместување или рефундирање за време на одржувањето на концертот, од страна на купувачите поради нивниот попречен поглед, нема да бидат земени предвид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …