Есенска супернамирница: Го забрзува слабеењето, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од рак на црниот дроб и дојката

Мандарините се есенска супернамирница, но освен нивниот одличен, освежителен вкус, консумирањето на ова овошје има и бројни придобивки кои ќе ве натераат да сакате почесто да ги јадете. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање мандарини има придобивки за нашето здравје, форма и изглед
Само една мандарина обезбедува речиси една третина од дневната потреба за витамин Ц, а содржи и активни соединенија кои придонесуваат за нејзините антивоспалителни и антиоксидантни својства. Но, тоа не е се. Подолу ви претставуваме повеќе придобивки од оваа намирница.

1. Го зајакнуваат имунитетот
Како што сите добро знаеме, мандарините се многу богати со витамин Ц, антиоксиданс кој го спречува ширењето на соединенијата кои ги оштетуваат здравите клетки во телото, а со тоа го одржуваат имунитетот силен.


2. Го поттикнуваат растот на косата
Покрај витаминот Ц, мандарините се богати и со витамините Б и Е, кои помагаат да се зачува здравјето и убавината на вашата коса. Бидејќи и помагаат на косата да биде што е можно поздрава, таа расте многу побрзо.

This image has an empty alt attribute; its file name is mandarini-1.jpg


3. Подобро варење
Благодарение на влакната, мандарините се одлични за одржување на здравјето на дигестивниот систем, а можете да им се заблагодарите и на влакната. Имено, растворливите влакна создаваат таканаречен „гел“ во дигестивниот тракт кој внесува вода во цревата за да ја омекне столицата, потенцијално олеснувајќи го празнењето на цревото. Помагаат и при запек и болни грчеви, но и ја регулираат столицата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …