ГОТОВО Е – КРАЈ НА ЕДНА ЕРА! ЛИОНЕЛ МЕСИ НАЈАВИЛ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА: „Нервозен сум, но одлуката е донесена!“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси, најави дека Светското првенство во Катар ќе биде последно во неговата кариера.
За Меси тоа ќе биде петто Светско првенство, а во претходните четири обиди не успеа да го освои трофејот. Најблиску до тоа беше во Бразил во 2014. година кога Аргентина го загуби финалето од Германија.

Меси еднаш во кариерата реши да се збогува со аргентинската репрезентација, но набрзо се предомисли. Оттогаш ја освои Копа Америка, а сега објави дека по следниот Мундијал повеќе нема да игра на најголемото фудбалско шоу.
„Ги бројам деновите до почетокот на Светското првенство. Има мала нервоза и би сакал да се игра сега. Да, ова дефинитивно ќе биде моето последно Светско првенство. Веќе решив. Има нервоза и прашања за тоа што ќе се случи, но одлуката е донесена“, изјавил Меси за аргентинскиот новинар Себастијан Вињола.


View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


Иако Аргентинците играат одлично и се во долга серија од 35. натпревари без пораз, Меси не верува дека избраниците на Лионел Скалони се меѓу фаворитите за освојување на турнирот.
„Не, не не сметам за фаворити. Има репрезентации кои се пред нас, но ние ќе се бориме против секого“, изјавил фудбалерот на Пари Сен Жермен за кој се шпекулира дека следното лето повторно ќе го облече дресот на Барселона.
Аргентина во првата фаза во Катар ќе игра против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …