(ВИДЕО) УЖИВАЊЕ ЗА ГЛЕДАЊЕ – Новак Ѓоковиќ експресно меѓу 8. најдобри во Астана

Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на АТП турнирот во Астана бидејќи го совлада Ботик Ван Де Зандшулп во два сета со 6:3 и 6:1. Дуелот траеше само еден час и десет минути игра.
Токму во периодот од денот кога треба да почнете да готвите ручек, Новак Ѓоковиќ го одигра вториот меч на АТП турнирот во Астана. А готвењето на ручек веројатно ќе потрае малку подолго бидејќи Новак ја заврши својата работа побрзо отколку што е потребно за еден просечен оброк да се заврши.

Тој го победи Ботик Ван Де Зандшлуп со 6:3 и 6:1 во дуелот во кој му одржа лекција по тенис на Холанѓанецот, кој воопшто не е наивен ривал.
На првиот брејк на овој дуел се чекаше до шестиот гем. Пред тоа Новак имаше мали проблеми бидејќи го раскрвави палецот на десната рака, но по кратката лекарска помош веднаш му го одзеде сервисот на ривалот. Потоа спаси една брејк топка, но брзо обезбеди брејк за 5:2.


View this post on Instagram

A post shared by ATP Tour (@atptour)

Во вториот сет имаше уште помалку проблеми за седмиот играч на светот кој водеше со 5:1, потоа се соочи со уште една брејк топка која лесно ја спаси, но веднаш потоа направи нов брејк за 6:1.

„Сервисот добро ми функционираше, особено кога требаше да се извлечам од неволја. Во вториот сет подобро го читав неговиот сервис, тој е одличен играч кога има време, знае да биде незгоден и се обидов да му го одземам тоа време“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Следен ривал на српскиот тенисер во Казахстан ќе биде Карен Хачанов, кој го победи Марин Чилиќ со 2:1.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …