Необично запросување се случило синоќа на улиците на главниот град на Босна и Херцеговина, кога парот бил пресретнат од три автомобили со натпис „Will you marry me?“. (анг. дали ќе се омажиш за мене).
Непознатиот пар бил во автомобилот кога биле пресретнати од три други возила на кои пишувало „Will you marry me?“.
Се’ се случи на Социјално, а автомобилите кои ги следеле на неколку моменти го запреле сообраќајот.
Момчето ја извело девојката од автомобилот, а потоа клекнал и го постави „фаталното“ прашање.
Девојката се согласила, а прославата била увеличана со огномет кој накратко го украсил ноќното небо на Сараево.
Со сирените на автомобилите кои го блокираат сообраќајот на улицата „Змаја од Босна“ во правец кон Илиџа, се собрале неколку луѓе за да сведочат на необичните сцени.
Фото: Принтскрин/YouTube