(ВИДЕО) ОСКАРОВКАТА БРЕМЕНА НА 49 ГОДИНИ: Хилари Свонк по прв пат ќе стане мајка – Ова го чекав долго време, носам близнаци

АКТЕРКАТА Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци, а познатата оскаровка ја потврди среќната вест во емисијата „Добро утро Америка“.
Холивудската ѕвезда, која во јули наполни 48. години, за прв пат ќе стане мајка и не ја крие возбудата и среќата поради тоа.
– Ова е нешто што го чекав многу долго, а следното е дека ќе станам мајка. Не доаѓа само едно бебе, туку две! Да… не ми се верува – возбудено изјавила Хилари во емисијата.
– Во моментов се чувствувам одлично, само облеката ми стана тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Тоа е неверојатно – изјавила актерката која со Филип е во брак од 2018. година, а се венчаа по две години врска.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …