(ФОТО) Крај на една бајка – Жизел Бундхен и Том Брејди се разведуваат: „Тој треба да си ја следи среќата“

Како што потврдиле извори за Page Six, Жизел Бундхен и Том Брејди не успеале да ги надминат разликите и ангажирале адвокати за да започнат постапка за развод.
Веќе некое време се шушка дека на бракот на еден од најгламурозните парови не му цветаат рози и дека е можно да дојде до развод.
Како што објавија медиумите, главната каписла за расправија е тоа што Том Брејди се вратил на спортот по само 40 дена „пензија“.
„Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но изгледа дека е“, изјавил извор за Page Six.
„Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата ангажираа адвокати и сега ги разгледуваат сите опции“, додал изворот.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)



Да потсетиме дека манекенката се израдувала кога нејзиниот сопруг Том Брејди објавил дека се пензионира и признала дека НФЛ е „насилен спорт“.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)



„Ова е многу насилен спорт и јас имам деца и би сакала тој да биде поприсутен. Цело време ги имав овие разговори со него. Но на крајот на краиштата мислам дека секој треба сам да си донесе одлука. одлука. И тој треба да ја следи својата среќа“, изјавила еднаш Жизел Бундхен за списанието Elle.
Меѓутоа, набргу откако спортистот објавил дека се враќа во американскиот фудбал, пристигна вест дека парот повеќе не живее заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)



Брејди и Бундхен се во брак од 2009. година и имаат две деца: Бенџамин (12) и Вивијан (9), додека Брејди од претходниот брак го има синот Џек (15).

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …