(ФОТО) Клои Кардашијан „се заиграла“ во фотошоп: Пред нејзините облини се искривиле ѕидот и огледалото

На профилот на Клои Кардашијан повторно се појави фотографија со промашување на Фотошоп, што предизвикало бројни коментари. Познатата Американка набрзо ја отстранила и се обидела да ја сврти ситуацијата во своја полза.
Реалити ѕвездата на својот Инстаграм сподели нова фотографија на која се истакнати нејзините облини, но фановите забележале неколку детали кои откриле дека оваа дама повторно се „заиграла“ во фотошоп.
Кардашијан позирала во луксузна хотелска соба за време на нејзиниот престој во Париз овој викенд.
Во црн комплет до израз дошол долниот дел, додека струкот и бил ненормално тесен, до тој степен што тоа не изгледа човечки возможно. Исто така, можело да се забележи како ѕидот зад овој дел од телото на Клои се „искривил“.

This image has an empty alt attribute; its file name is kloi-kardasian-1-jpg.jpg


Обожавателите исто така забележале дека рацете и рамената на Клои изгледаат непропорционално со остатокот од нејзиното тело, што го потврдило и искривеното огледало на десната страна.
Имало бројни коментари каде корисниците ја исмејувале Клои, а фотографијата набрзо исчезна. Тогаш проговорила 38-годишната девојка која објаснила дека не е таа која објавила такво нешто на нејзиниот профил.
„Јас воопшто не ја објавив оваа фотографија. Можеби мојот тим ја објавил, но јас не. Исто така, мислам, свитканите линии во позадина… ве молам”, напишала Клои со емотикон кој се расплакал од смеење.


Таа брзо се предомислила: „Чекај, не реков дека мојот тим го направи тоа, само што јас не ја објавив фотографијата“, објаснила Клои.
Инаку, Клои, како и останатите сестри Кардашијан, биле фатени во многу промашувања на Фотошоп, поради што често се мета на потсмев. Сега се чини дека ова е едно од најзабележливите што осамна на нивните профили.
Познатите сестри претпочитаат секогаш да имаат уредени фотографии, секогаш со нивните облини истакнати во преден план, но ова само нагласува колку тие се разликуваат од нивните реални верзии.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …