(РЕЦЕПТ+ВИДЕО) Кремаст чоколаден колач од ТРИ СОСТОЈКИ: Без рерна подгответе вкусен десерт!

Сите ќе ви бараат уште едно парче
Нема грешка со чоколадните колачи бидејќи сите ги сакаат. За овој чоколаден колач ви се потребни само 3 состојки, а за да го подготвите не мора да бидете професионалец. Лесно се подготвува и не треба печење, што е најдобро од се.
Состојки:
200 гр чоколадо
300 гр банани
рендано чоколадо или какао
Подготовка:испасирајте ги бананите во блендер (или со вилушка), а чоколадото растопете го на пареа. Измешајте ги овие две состојки, а потоа целосно соединете ги со миксер, но со оној за ситнење на храна.
Смесата истурете ја во огноотпорен сад обложен со проѕирна фолија. Кога ќе ја израмните смесата, покријте ја со фолија.
Оставете во фрижидер да се стегне, па посипете со какао или рендано чоколадо.


Фото: Принтскрин/YouTube/Kulinarim s Taneй

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …