ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на вниманието, поради настан од минатото кој е и причина за нивната разделба. Џоли сега открилс нови шокантни детали.
Имено, Џоли поднела судски документи во кои го обвинила нејзиниот поранешен сопруг дека во алкохолизирана состојба ги нападнал неа и нивните деца за време на лет со приватен авион во 2016. година.
Во противтужбата Џоли истакнала дека Пит физички и вербално ги малтретирал неа и нивните деца и ги „заливал со алкохол“.
Инцидентот наводно започнал кога Пит ја обвинил Анџелина дека е „премногу ги почитува“ нивните деца. Актерот ја „одвлекол“ Анџелина до тоалетот кој се наоѓал во задниот дел од авионот.

„Тој ја грабнал Џоли за главата и повторно ја тресел, а потоа ја фати за раменици и повторно ја тресел пред да ја турне на ѕидот од бањата“, се наведува во противтужбата.
Понатаму се вели: „Потоа Пит го удри таванот на авионот неколку пати, принудувајќи ја Џоли да ја напушти бањата“.
Откако едно дете вербално интервенирало, Пит „се нафрлил“ на него. Џоли потоа „го грабнала одзади“ за да го спречи, поради што Пит бил фрлен наназад на авионските седишта, повредувајќи ѝ ги лактот и грбот на актерката.


This image has an empty alt attribute; its file name is brangelina-1024x746.jpg

„Децата дотрчаа и храбро се обидоа да се заштитат едни со други. Пред да заврши инцидентот, Пит почнал да дави едно од децата, а другото го удрил по лицето“, се наведува во противтужбата.


Адвокатскиот тим на Џоли вели дека таа и нејзините деца „тивко и мирно седеле под покривката“ до крајот на летот.
„Пит повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе. Во еден момент ја полеал Џоли со пиво, а во друг ги полил децата со вино“, пишува во тужбата.

Набргу по овој лет, Џоли поднесе барање за развод. Инцидентот го истражуваше и ФБИ, но властите одлучија никого да не гонат.


This image has an empty alt attribute; its file name is brangelina-london.jpg

Според Би-Би-Си, Пит ги негирал обвинувањата кои Џоли ги упатила вчера.

„Таа продолжува да повторува, ревидира и повторно да го измислува својот извештај за настаните што се случија пред шест години, додавајќи целосно лажни информации секој пат кога нема да го добие она што го сака“, изјавил извор близок до актерот.
Актерката ги открила и деталите за тужбата околу сопственоста на винаријата Шато Миравал во Франција, која некогаш ја поседувале.
Анџелина го продала својот удел на руската компанија Столи, или Столичнаја, за која Пит тужел. Договорот бил поранешната брачна двојка да не ги продава акциите без знаење еден на друг, што таа наводно го игнорирала.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …