ДЛУМ „ГОЛЕМ ФОРМАТ“ 2022

Друштовото на ликовни уметници на Македонија од оваа година во својата Годишна програма вметнува нововостановена изложба насловена „Голем формат“. Изложбата  ќе се отвори на 05.10.2022 година (среда) во Дом на АРМ во Скопје со почеток во 20 часот и ќе трае до 25.10.2022 год.

Важноста на едно дело не ја сочинува единствено важноста на големината и на димензијата, но можноста за изразување во големи формати нуди различен уметнички пристап, уметникот ја бара свежината на идејата и секако внимателно треба да се посвети на реализацијата.


Во ова издание селектирани се 25 уметници и нивниот различен пристап кон техниките сликарство, скулптура, цртеж, колаж,  експериментални техники и скромно учество на графиката. Повикот дозволуваше да се претстават и нови техники и медиуми, уметнички инсталации и излегување во просторни композиции.

На изложбата учествуваат Ана Ивановска, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Давор Ќешќец, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ивона Велковска, Ирена Паскали, Јасмина Новковска, Љубица Мешкова Солак, Марија Светиева, Мирослава Трујкановиќ, Мице Јанкуловски, Нела Јанковска, Никола Пијанманов, Перо Кованцалиев, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Стефан Хаџи Николов, Тања Таневска, Татјана Манева и Урош Вељковиќ.


Друштовото на ликовни уметници на Македонија наградата за најдобро дело во голем формат ќе му ја додели на авторот Слободан Живковски за делото со наслов „ДемократскиТоталитаризам“.

Слободан Живковски
„Демократски тоталитаризам“
акрил на платно
240х140 см
2022


Изложбата ќе ја отвори Претседателот на ДЛУМ – Јана Манева Чупоска и Претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …