Десет знаци кои покажуваат дека вашата ВРСКА НЕ Е НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ: Време е да ставите точка на односот!

6. Не зборува за себе
Човек кој не ве запознал со ниту еден од своите пријатели, не зборува за своето семејство, а ви се чини дека средбата со нив е само далечен сон – тој нема намера да има сериозна врска со вас.

7. Избегнување одговори
Што и да сте прашале, не можете да добиете директен одговор, а разговорот за иднината на вашата врска се сведува на „ќе видиме“? Некој кој не знае што ќе прави утре, а камоли во блиска или подалечна иднина, не е подготвен за врска.


8. Не се труди околу вас
Врската е двонасочна и ниедна врска во која само едно лице давало не функционирала. За да заживее врската, двајцата партнери треба да вложат труд, време и волја. Ако чувствувате дека вашиот партнер никогаш не излегува од својата рутина за да направи нешто за вас или ако не се ни труди да закажува состанок со вас или секогаш му се јавувате – тој не е тој, продолжете понатаму.

9. Несериозни теми
Ако чувствувате дека не можете да разговарате за сериозни теми, интереси или планови за иднината со партнерот, тој не е со вас за да остане. Емоционалното поврзување е една од клучните состојки за успешна врска.


10. Бракот не доаѓа предвид
Светлечки знак на небото дека вашиот партнер не сака иднина со вас е избегнување на темата за брак. Ако не можете да добиете одговор зошто бракот не може да биде тема на разговор, тогаш тој сигурно нема намера да го помине остатокот од животот со вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Британските лекари советуваат: Доколку имате проблеми со кардиоваскуларниот систем, внимавајте на внесувањето на суво овошје

Треба да внимавате ако имате проблеми со срцето Кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место …