Десет знаци кои покажуваат дека вашата ВРСКА НЕ Е НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ: Време е да ставите точка на односот!

Честопати емоциите или стравот не спречуваат да ја видиме вистинската слика
Дали чувствувате дека нешто не е во ред во вашата врска, но не сте сигурни што?
За да знаете дали вашата врска оди во добра или лоша насока, треба да бидете свесни за малите детали кои откриваат каде сте.
Дали со вас зборува за иднината, ви ги открива своите планови или се јавува само кога тој ќе посака?

Овие 10 знаци се јасни показатели дека вашиот партнер не се грижи доволно за вас:


1. Не зборувате за заедничка иднина
Разговори за иднината со партнерот едноставно не постојат, а најблиску до тоа се мизерните изјави од типот: „Живееме ден за ден…“ или „Ќе видиме каде ќе води ова“. Избегнувањето на оваа тема е јасен знак дека вашиот партнер не е подготвен за врска. Сепак, нормално е парот да разговара за следниот чекор во врската – вселување, брак, деца.

2. Ви се јавува само кога тој има време
Маж кој се грижи за својата девојка понекогаш ќе испрати пораки или ќе се јави само за да ве слушне без разлика на времето или обврските. Нема да чека до единаесет часот да ви се јави и да ви каже за неговиот ден. Ако мажот ја планира својата иднина со вас, ќе се потруди да одржува контакт без разлика на обврските.


3. Нема блискост
Ако вашата врска е заснована на секс и не вклучува дружење, блискост и поминување време заедно, бидете сигурни дека тој не сака врска. Блискоста е основата на која се гради љубовната врска. Ако се чувствувате дека не можете да му кажете сè или кои се вашите планови за викендот, ако се чувствувате како да не е ни заинтересиран, тогаш само прашање на време е кога ќе реши повеќе да не ви се јавува.

4. Никаде не одите заедно
Ако вашето време заедно го поминувате во спалната соба, а тој не покажува интерес да излегува во театар, во град, на забава или на прошетка, тој сигурно не планира иднина со вас.


5. Постојано внимава на својот телефон
Криењето на телефонот кога сте наоколу не може да значи ништо позитивно. Ако го крие телефонот, тоа значи дека крие телефонски повици, пораки или фотографии кои не смеете да ги видите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …