ДВА ТИМА СРЕДНОШКОЛЦИ од Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Корчагин ЗАЕДНИЧКИ НА ТРОНОТ НА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА NASA Space Apps Challenge во Македонија

Основци го понесоа високото второ место

Со посебно задоволство Ви ги претставуваме победниците на NASA Space Apps Challenge 2022 националното супер финале од 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge 2022 кое се одржа вчера попладне. Во конкуренција на 5 тимови избрани за финалисти, за првпат во 10 годишното постоење на овој настан кај нас, 5-членото жири едногласно одлучи да избере два тима како прво пласирани.


Тимовите AERTH и YCCC-SPACE EAGLES подеднакво ги освоија гласовите на членовите на жирито со понудените решенија за предизвиците. И во двата случаи стануваше збор за високо-квалитетни и добро промислени проекти, иновативен пристап, голем обем на сработени активности за само 48-часа и високо ниво на тимска соработка во рамки на хакатонот.

Признанието за второ место отиде во рацете на тимот THE EXPOSERS, кои се првите учесници што заради нивото и квалитетот на нивните идеи, обемот на технички познавања, силна визија и функционално решение-прототип изработено во само 48-часа успеаја од младинската конкуренција рамноправно да се натпреваруваат со останатите тимови во категотијата 15+ и дури да освојат и пласман.


Огромна благодарност до U.S. Embassy North Macedonia за традиционалната поддршка на овој уникатен настан уште од 2014та година кој традиционално ги поддржува младите таленти од земјава да соработуваат, да сонуваат, да ги надминуваат сопствените граници притоа развивајќи ги своите STEАM вештини и знаења и креирајќи бројни животни вештини. Со поддршка на U.S. Embassy North Macedonia претставници на националните победнички тимови заедно со нивните ментори ќе патуваат во NASA’s Kennedy Space Center, а кон оваа поддршка благодарение на извонредниот настап на сите финалисти од вчера се приклучи и Фонд за иновации и технолошки развој, предводен од директорот Festim Halili.

Тимот AERTH пак креираше решение со чија помош корисниците можат да го следат, но и предвидуваат движењето на Меѓународната Вселенска Станица International Space Station притоа учејќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. За изработка на ова решение, тимот користеше знаења од математика, орбитална механика, физика и програмирање. За да го испробате нивното решение продолжете на нивната веб страна https://aerthisstracker.study


Нивниот целосен проект е достапен на https://2022.spaceappschallenge.org/…/teams/aerth/project

Тимот YCCC-SPACE EAGLES се фокусираше на изработка на интерактивна мобилна апликација и веб страна преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината направени од земјотреси таканаречени moonquakes, преку податоци добиени од NASA добиени од сеизмички и геофизички податоци прибрани од инструментите кои ги имаат оставено астронаутите од Apollo мисиите. За да разгледате што направија кликнете на https://www.moonquakes.earth

Нивниот целосен проект е достапен на https://2022.spaceappschallenge.org/…/space…/project

И двете решенија вклучуваа изработки и на потребните 3D модели, во првиот случај на Месечината, а во вториот на Меѓународната Вселенска Станица.

Најмладите учесници кои го оформија тимот THE EXPOSERS креираа прототип на сонда опремена со независен систем за напојување со енергија за да може да издржи и 60-дневни мисии која имаше задача да ја истражува планетата Венера. Во овој тим членуваа основците Бодан Николов (12) од QSI International School of Skopje, Миа Чаушевска (12) од NOVA International Schools и Јаков Здравевски (13) од IPS.

Во тимот AERTH  членуваат средношколците Мирослав Мишоски, Илин Московски, Леонид Индов, Марио Блажевски, Матеј Крстески и Калин Јовановски на возраст од 16 и 17 години од Sugs Rade Jovcevski Korcagin и SUGS Gimnazija “Orce Nikolov”. Ментор на тимот е Марко Лазетиќ од Машински факултет.

Во тимот YCCC-SPACE EAGLES пак членуваат средношколците Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, Кренар Ахмети Дијар Селами на возраст од 17 и 18 години од Zef Lush Marku High School – Shkup, кои исто така се членови и на младинскиот центар од општина Чаир. Ментор на тимот е Ндерим Нагавци.

Особена благодарност упатуваме и до Шериф Мифтари, директорот од Центарот за стручно образование, кој ја препозна и поддржа идејата што повеќе средношколски тимови од целата земја да земат учество во натпреварот.

Посебна благодарност упатуваме и до минатогодишниот победнички тим TeamySeed Tijana Kostovska и Kliment Mladenoski, кои со својот успех инспирираа и многу други млади да се охрабрат и да се натпреваруваат.

Бесценетата поддршка и гостопримство на Netaville и Netcetera Macedonia го направи овој прв хибриден постпандемиски хакатон незаборавен за сите учесници. Посебна благодарност до менторите кои посветено и професионално ги поддржаа сите тимови и секако до нашето жири кое имаше тешка задача и голем предизвик при изборот и рангирањето на најдобрите и најуспешните во решавање на овогодинешните предизвици.

Во жири комисијата за време на првиот настап на тимовите и за време на финалето членуваа:

1. Стојанчо Туџарски, експерт по Вештачка интелигенција

2. проф д-р Ѓорѓи Маџаров, професор по машинско учење и софтверско инженерство

3. Мерита Рамадани Алими, претприемач и член на бордот на Стопанската Комора на Северо-западна Македонија

4. проф д-р Милош Јовановиќ, со научен интерес во графови на знаење, наука за податоци, отворени податоци и семантички веб технологии

5. Маја Кољозова, Професор по математика, физика и роботика

6. Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој

7. Филип Сарџовски, експерт за нови технологии во Netcetera Macedonia

8. Ирена Чаушевска Даниловска, генерален менаџер на NewMan’s Business Accelerator и лидер на натпреварот во Македонија

NewMan’s Business Accelerator

@Фондација Голдилокс Скопје – Foundation Goldilocks Skopje

#SpaceAppsMKD#SpaceAppsChallenge

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И ТОА ГО ВИДОВМЕ – Скапиот Ferrari F50 стартуваше „на туркање“

Многумина се нашле во ситуации кога поради дефект или други причини е потребно да се …