(ВИДЕО+ФОТО) Експресна победа на Новак – до 2:0 за 61 минута!

Новак Ѓоковиќ одлично го започна натпреварувањето на турнирот од Серија 500 во Астана.
Поранешниот број еден во светскиот тенис во првото коло без проблеми го совлада 81-от играч на светот, Чилеанецот Кристијан Гарин со 6:1, 6:1.
На Новак за триумфот му беше потребна само 61 минута, со што покажа дека е во навистина добра форма по освојувањето на титулата во Тел Авив минатата недела.
Од почетокот на мечот се одеше како што сакаше Ѓоковиќ – веднаш направи брејк, а бидејќи Чилеанецот премногу грешеше, Новак многу брзо добиваше поени и гемови.
Ѓоковиќ во петтиот гем стигна до двоен брејк, а потоа поведе со 5:1.
Немаше намера да запре, веднаш стигна до третиот брејк и по само 24 минути игра стигна до водство, 6:1.

View this post on Instagram

A post shared by ATP Tour (@atptour)



Чилеанецот се обиде малку повеќе на стартот од вториот сет, стигнувајќи до израмнување во воведниот гем, но не и до шанса за брејк.
Новак не ја искористи шансата за брејк во вториот гем, но затоа ја искористи првата во следниот гем, во четвртиот за 3:1.
Уште тогаш беше јасно дека за Чилеанецот нема враќање назад.
Новак рутински го приведе натпреварот до крај, добивајќи го вториот сет исто така со 6:1.
Во второто коло ќе се соочи со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.
Во понеделникот беше подобар од Казахстанецот Неибит Зукаев, славеше како Новак со 6:1, 6:1.
Тоа ќе биде прв дуел на Новак против 34. тенисер во светот од Вагенинген.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …