Јунајтед признава дека згрешил, веќе во јануари го пушти Роналдо да си оди!

По мачните летни месеци во кои отсуствуваше од тимскиот собир и дел од подготовките, оправдувајќи го непристигнувањето во Манчестер Јунајтед со лични причини, а во исто време медиумите пишуваа за неговата желба да го напушти клубот, Кристијано Роналдо би можел да го постигне она на што се надеваше во јануари – трансфер.

Португалскиот напаѓач сакаше клуб кој ќе биде конкурентен во првенството и Лигата на шампионите, што Јунајтед не е. Гигантот од Олд Трафорд по осум кола во Премиер лигата со еден одигран натпревар помалку веќе заостанува девет бода зад лидерот Арсенал, а не е ниту во најсилното европско натпреварување. Во последното коло го загуби градското дерби против Манчестер Сити со 3:6, со тоа што до 84. минута заостануваше пет гола. Роналдо тој меч го следеше од клупата и се уште го чека првиот гол сезонава во Премиер лигата.
Сè уште со желба да се бори за титули и фрустриран од минутажата што ја има во клубот, Роналдо не се откажал од идејата да го напушти Јунајтед. Во летниот преоден рок неговиот агент го понуди на европските гиганти, но немаше заинтересирани барем по високата цена. Нов обид ќе има во зимскиот преоден рок.



„Daily Telegraph“ наведува дека клубот ќе биде подготвен за нови преговори во јануари и ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на незадоволниот Роналдо истекува на крајот од сезоната. Се посочува и дека доколку Роналдо го сака тој трансфер ќе мора да се согласи на намалување на платата на неговата нова адреса.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ферстапен незапирлив до пол позицијата на „Каталуња“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Шпанското ГП, седмата трка во …