(ФОТО) Тања Бошковиќ за естетските корекции: „Жал ми е за убавите девојки кои направија операции и сега личат на пластични виршли“

Актерката испрати силна порака до жените
Актерката Тања Бошковиќ важи за безвременска убавица. Многу мажи паднаа на нејзиниот шарм и убавина, а таа никогаш не сакаше да го подобри својот изглед со естетски корекции.
И покрај тоа што е во седмата деценија од животот, таа се уште изгледа прекрасно, а како што открила, не посветува премногу време на својот физички изглед и нега. Своевремено зборувала и за естетските зафати кои станаа вистински тренд кај жените.
– Жал ми е за убавите девојки кои имаа потенцијал, но направија операции и сега личат на пластични виршли. Што се однесува до мене, цел живот сум насмеана и секаде шетам, тоа е тајната на мојата убавина – открила еднаш Тања и додала:

– Убавината е внатре. Никој од овие со силикони во уста, оперирани, нема да разбере што зборувам. Не ти требаат силикони, кого ќе залажеш, себеси во огледалото, што? Тоа е навистина смешно. Замислете ги тие девојки што ставаат импланти во јаболчниците, градите, не знам каде повеќе не… Што ќе родат тие? Што е тоа? Тоа е и глупаво и непотребно. А само жени на моја возраст се обидуваат да ги испеглаат брчките! Што се обидуваат да си кажат? Овие очи не можат да бидат измамени. Го знам животот што го живеев. Тоа ми е најубавото нешто. Знам кога бев зарѓосана и кога паднав и колку измачувана станував. И што ми е гајле? – изјавила актерката во емисијата „Агапе“.



Иако е во пензија, често може да се види во театар, а таа знае како да ги исполни останатите денови како што вели.
– Јас сум пензионерка и имам право да правам што сакам без да морам да правам ништо. Понекогаш пуштам тишина во мислите, тоа е најтешката работа. Сакам да пливам, најмногу да пешачам, во текот на животот, избегнувам возење, сакам да се дружам со луѓе, имам долгогодишни пријателства. Мислам дека тоа го прави здравјето, а грижата за здравјето е наша должност – истакнува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)

Тања во слободно време се занимава со физичка работа, средува и преуредува, гради, прави, црта.
– Сивите ѕидови ме нервираат. Сакам убавина, убави градини и сакам да ги средувам. Ми се допаѓа да е уредно и убаво. Сакам да гледам спорт, но тоа не е одмор, бидејќи се нервирам. Вистинскиот одмор е преку физичка работа, така ја одржувам линијата – открила актерката.

Фото: Принтскрин/story.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …