(ФОТО) ОВА НЕ Е ТОЛКУ РЕТКА ПОЈАВА – МАЖОТ МЕ МАМЕШЕ СО ДЕВОЈКА (24) ДОДЕКА МУ ПИШУВАВ ПИСМО ЗА МОЈАТА МЕНОПАУЗА: Водителката проговорила за НАЈГОЛЕМОТО ПОНИЖУВАЊЕ во животот

Поранешната британска ТВ водителка Антеа Тарнер открила дека му напишала писмо на својот поранешен сопруг Грант Боуви во кое го моли да има разбирање за нејзината менопауза што влијае на нејзиното однесување – не знаејќи дека во тоа време ја изневерувал со 24-годишна девојка.
62-годишната водителка објаснила дека нејзините тогашни работни обврски и го отежнувале разговорот со бившиот партнер, па промените кои ги доживувала се обидела да ги стави на хартија и да му објасни што се случува. Тие биле во брак 12. години, а се разделиле кога таа имала 52. години и дознала за неговата афера.

„Немав поим што ми се случува. Треба повеќе да се зборува за тоа, тоа е ужасен период во животот. Само одеднаш веќе не се чувствувате како себе. Знам дека звучи патетично кога некој ќе каже – ох, јас повеќе не се чувствувам како себеси, но навистина е така. Имате чувство како некој да ви го нападнал телото. Секогаш сте жешки, имав дамки од пот на грбот и цело време се потев. Чувствував дека мојата самодоверба исчезнува. Повеќе не можев да размислувам исправно, се преиспитував себеси“, искрено проговорила Тарнер.
„Тогаш сакате да и се обратат на најважната личност во вашиот живот, вашиот сопруг, а јас не можев да го сторам тоа.
Во тоа време постојано патував напред-назад од Торонто за да работам на (ТВ) програма. Но, се разбира, она што не го забележав беше фактот дека тој исто така минуваше низ сопствената мала менопауза и очигледно се заљуби во 24-годишна девојка која беше многу возбудлива за него.
Значи, една испотена жена што плаче мора да била последното нешто што тој го сакал. И му го напишав тоа мало писмо во кое го молев да разбере. Потоа почнав да читам за тоа и научив многу повеќе, па се обидов да му објаснам. Запишав се што дознав“, додала таа.



Антеа и Грант се запознале во 1998. година, а се венчале во 2000. година, откако и двајцата ги напуштиле претходните партнери. Тие прво се разделиле во 2012. година, а потоа повторно се смириле во 2013. година, а во 2015. година следел развод. Бракот завршил откако таа открила дека Грант, тогаш 52., имал афера со дизајнерката на ентериери Зои де Малет Морган.
Шокантното откритие дошло помалку од една година откако таа му простила за аферата со друга жена. Оттогаш Антеа повторно нашла љубов, со бизнисменот Марк Армстронг.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …