Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека сега му претстои малку подолг процес на рехабилитација пред да се врати на терените.
Озил во понеделникот отиде под нож за да реши долгогодишен проблем со болки во грбот, а во последните години имаше бројни проблеми и пропушти дури 31. натпревар од 2018. година.
Сега тој на своите фанови им даде позитивни информации за состојбата по операцијата, а покрај фотографијата од болницата напиша:
„Денешната операција помина добро. Ви благодарам повторно на сите за пораките и молитвите – Господ да ве благослови сите“.


Пред операцијата тој на социјалните мрежи објави дека сигурно ќе има подолга пауза и отсуство од терените и дека ќе се обиде што побрзо да се врати и да им се приклучи на соиграчите.
На почетокот на летото, Озил му се приклучи на „Башакшехир“ откако беше принуден да го напушти „Фенербахче“ и беше „прешкртан“ во клубот по расправијата со тогашниот привремен тренер Исмаил Картал.
Овој 33-годишен играч во текот на својата кариера настапуваше за Реал Мадрид, Шалке, Вердер Бремен и Арсенал, а за германската репрезентација дебитираше во 2009 година и со нив стана светски шампион во 2014 година.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …