На Киргиос му се суди за напад на поранешната девојка. Адвокатот: Има психички проблеми

На австралискиот тенисер Ник Киргиос, светскиот рекет број 20, му се суди за физички напад на поранешната девојка Кјара Пасари. Таа го обвинила дека ја нападнал во јануари 2021. година, што го пријавила во декември истата година. Судењето започна, но Киргиос не бил и не требало да биде на првичното рочиште, тој е на АТП турнирот во Токио.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Kyrgios (@k1ngkyrg1os)



Неговиот адвокат Мајкл Кукулис-Смит побарал од судот време за да го процени менталното здравје на Киргиос бидејќи, според него, австралиската спортска ѕвезда има проблеми со тоа. Тој посочил дека јавноста е запознаена со проблемите на Киргиос и затоа бара да го ослободат.
Турнирот во Јапонија е прв за Киргиос откако минатиот месец беше елиминиран во четвртфиналето на УС Опен, а денеска во првото коло ќе игра против тајванскиот тенисер Чун-Хсин Ценг, 87. на АТП рангирањето.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Kyrgios (@k1ngkyrg1os)



„Не можам да контролирам сè. Ги преземам неопходните чекори за да го решам судскиот спор. Можам само да го правам тоа што можам. Во Токио сум и се обидувам да играм тенис, да се одржувам во форма и да ја работам мојата работа, а тоа е тенисот Тоа е тоа“, рекол Киргиос во Токио.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …