Како Јапонците остануваат во топ форма до крајот на животот а никогаш не посетуваат теретани?

Во западните земји, се чини дека повеќето луѓе се зачленети во теретани. Секој пристоен хотел има теретана а ние сме бомбардирани со фитнес реклами од сите страни. Но, можеби ќе ве изненади што во земја која води по долговечноста и има многу ниски стапки на дебелина (најмала меѓу развиените земји со високи приходи), речиси и да нема култура на вежбање.
Во една неодамнешна анкета на Rakuten Insight на 1.000 јапонски граѓани на возраст меѓу 20. и 60. години, околу половина од анкетираните откриле дека едвај вежбаат, околу еднаш месечно или воопшто не вежбаат. Изјавуваат дека немаат доволно време за тоа или едноставно не сакаат да вежбаат, па тоа не е дел од нивниот животен стил.

Како изгледа вежбањето во Јапонија?
Иако велат дека не вежбаат, Јапонците всушност не ја кажуваат вистината. Имено, вежбањето не мора да значи одење во теретана и кревање тегови или трчање маратон. Ако подобро ги погледнеме Јапонците, ќе сфатиме дека можеби единствената вежба која ни е потребна е онаа што е вткаена во нашето секојдневие – одењето.
Возрасните Јапонци прават просечно 6.500 чекори дневно, при што возрасен маж на возраст меѓу 20. и 50. години прави 8.000 чекори дневно, а жена на истата возраст прави околу 7.000 чекори. Жителите на Окинава се особено познати по нивната култура на пешачење. Нагано, рурална префектура во Јапонија, успеа да ја промени својата висока стапка на мозочен удар со инкорпорирање на 100 пешачки рути и нејзините жители сега уживаат највисока стапка на долговечност во земјата.
„Првото нешто што сакавме беше да ги натераме луѓето да пешачат. Секој може да го направи тоа. Вие пешачите, зборувате и вежбате. Тоа помага да се изгради чувство за живот во заедницата“, рекол градоначалникот на Мацумото, Акира Сугеноја.
Повеќето Јапонци живеат во градови кои се погодни за пешачење, каде што јавниот превоз е удобен, безбеден и достапен, а повеќето домаќинства немаат автомобили. Како последица на тоа, кога луѓето одат на работа, тие пешачат. Кога одат да пазарат намирници, пешачат. Кога одат на вечера, пешачат. Тоа е активност што секоја генерација ја усвојува секој ден – одењето им е како дишење.


Чекори за подобро здравје
Ова не е покана да престанете да вежбате. Напротив, секој треба да се занимава со физичката активност во која ужива. Но, тоа е добар потсетник за оние кои не знаат од каде да почнат дека здравиот живот не е достапен само за посветените луѓе кои креваат тегови и секојдневно трчаат. Здравото вежбање не мора ни да биде вежбање, исто како што здравата исхрана не мора да биде само салата. Животниот стил кон кој се стремите може да се скрие само во уште малку пешачење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …