Овен
Љубов:
Чувствувате непријатност. Партнерот не ги слуша доволно вашите објаснувања и изговори, а вие немате трпение.
Работа:
Се обидувате да ги остварите вашите деловни планови, но има ненадејни проблеми кои ве забавуваат.
Здравје:
Поминете ги вечерните часови на помирен начин, опуштете се.
Бик
Љубов:
Новите изливи на нежност пред саканата личност носат взаемно задоволство, но и чувство на сигурност што ви недостасува.
Работа:
Добро размислете кому треба да ги доверите вашите планови, консултирајте се со личност со која имате позитивно искуство.
Здравје:
Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Во средбата со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.