(ФОТО) Концерт во чест на Тоше Проески

На 5. октомври, во чест на Тоше Проески во Крушево ќе се одржу концерт на кој ќе настапат познати музички имиња кои ќе ги пеат неговите песни. Датумот 5. октомври е избран како потсетување на псоледниот концерт на Тоше одржан на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is tose-koncert-na-5-oktomvri.jpg


„На 5 октомври во 19 ч. на концертот во чест на Тоше, кој за прв пат се одржува во Крушево, ќе настапат познати музички имиња:
Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Каролина Гочева, Бени Шакири, Дани Димитроска, Ѓоко Танески, Кристина Петровски Арнаудова, Јоце Панов, Билјана Јосифов, Мартинијан Кириловски, Влатко Груевски и Омар Џафероски. А ќе ги придружуваат Камерниот оркестар од Битола и Бендот на Тоше.
Дојдете сите да ги испееме безвременските хитови на нашата најголема музичка поп икона и да ја направите ѕвездено небо“, пишува на Фејсбук страната, организаторот Стерули Штерјоски.


Во рамките на специјалниот концерт и одбележувањеро на 5. октомври во Крушево беше одржана и велосипедска тура „Срце за Тоше“…


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …