Рецепт идеален за секоја пригода
Без разлика дали сакате да подготвите нешто за празнична трпеза или да ги изненадите вашите најблиски, чоколадната торта со бисквити е совршената идеја. Освен што лесно и брзо се подготвува, не ви се потребни скапи состојки. Оваа торта е идеална и за почетниците во кујната.
Состојки:
150 гр шеќер
250 гр путер
125 мл млеко
200 гр бисквити
400 гр млеко во прав
80 гр кикирики
4 лажици какао
Подготовка:
Во тенџере растопете го путерот, па додадете ги млекото, шеќерот и какаото. Загрејте сè на пониска температура и мешајте паралелно додека состојките не се соединат и стопат.
Кога ќе добиете компактна маса, тргнете го садот од оган и оставете го 2 до 3 минути малку да се излади.
Во смесата постепено додавајте млеко во прав и матете со миксер на средна брзина. Матете додека не се формира хомогена маса.
Потоа додадете ги искршените бисквити и сечканите кикиритки.
Калапот за торта покријте го со проѕирна фолија, па истурете ја смесата и израмнете ја.
Оставете во фрижидер преку ноќ, а потоа следниот ден извадете од калапот и послужете.
Фото: Принтскрин/YouTube/Przepiski