Авокадо – матка
Обликот на авокадото изгледа како матка и навистина го поддржува репродуктивното здравје на жената, бидејќи е добар извор на фолна киселина, што го намалува ризикот од цервикална дисплазија, која е преканцерозна состојба на овој орган.
Домат – срце
Кога ќе исечеме домат, гледаме дека овој зеленчук има неколку комори кои наликуваат на структурата на срцето. Познато е дека ликопенот од доматите го намалува ризикот од срцеви заболувања. Ако сакаме да ја зголемиме апсорпцијата на ликопен речиси десет пати, треба да јадеме домати со некои здрави масти, како што се маслиново масло, кикирики или авокадо.
Ореви – мозок
Оревите се одлична храна за мозокот, а токму така и изгледаат. Тие содржат многу висока содржина на омега-3 масни киселини, кои му помагаат на мозокот да функционира како што треба.