Храна која личи на човечки органи – 9. намирници кои помагаат повеќе од суплементите

Додатоците во исхраната ја стекнаа можеби најголемата популарност по пандемијата на Ковид. Сите се трудеа да си го зајакнат имунитетот, купија многу суплементи, но сепак не се на добар пат. Клучот е во реченицата, „ти си тоа што го јадеш“.
Како што родителите им сугерираат на децата дека е многу важно да се јаде зеленчук, така и лекарите и нутриционистите ги упатуваат возрасните за правилна исхрана. Често слушаме дека човекот е „машина“, па сега, ако во својот автомобил си турите добро гориво за да го запалите, тогаш размислете и што конзумирате, бидејќи и вие треба да се покренете.
Има многу намирници кои наликуваат на нашите органи, ова е список од 9. кои се неопходни за поефикасно функционирање на органите и нивно одржување.

Морков – очи
Ако пресечете морков на половина, ќе видите дека овој зеленчук изгледа како око. Погледнете внимателно и ќе ги забележите линиите кои ја имитираат зеницата на окото и ирисот што го опкружува. А вистината е и дека морковите се одлични за видот. Полн е со витамини како што е добро познатиот бета-каротен, кој ја намалува можноста за макуларна дегенерација, водечка причина за губење на видот кај постарите луѓе.


Зелка – вени
Листовите од зелката изгледаат како да се исткаени со жили и се одличен третман за воспалени вени кога се нанесуваат како облога.

Целер – коски
Овој вид целер има стебленца кои личат на коски – а овој зеленчук е одличен избор за здравјето на коските, бидејќи е одличен извор на силициум, кој е дел од молекуларната структура која им дава цврстина на коските.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …