– Кога видов некои од тие филмови, помислив дека тој е таков и приватно. Како и да е, јас сум ги доживеала сите овие работи и тоа е вистина – изјавила Пола.
Настасја Кински, полусестрата на Полина, со која актерката немала никаков длабок контакт, изјавила дека е горда на неа што проговорила, а кажала и дека Клаус се обидел да ја малтретира и неа. Настасја негирала дека и таа била жртва на сексуално злоставување од страна на нејзиниот татко, но признала дека тој ја малтретирал на други начини и дека еднаш се обидел сексуално да ја нападне, но не успеал.
Пола раскажала и дека го прекинала контактот со нејзиниот татко кога имала 19. години, а кога тој починал ништо не почувствувала.
-Кога почина, мајка ми, позната пејачка, ми се јави на телефон и ништо не почувствував. Ниту тага, ниту омраза – рекла таа, но нагласила и дека сака да ги инспирира другите жртви на малтретирање да зборуваат за нивните затворски чувари бидејќи тоа е „како да сте осудени на доживотен затвор“.
Пола е родена во 1952. година во Берлин, а во 2013. година објави книга во која зборува за инцестуозните врски. Нејзината мајка тврдела дека не забележала ништо. Пола е актерка и има три деца со адвокатот Волфганг Хепнер.