(ФОТО) ШОКАНТНА ИСПОВЕД – МОЈОТ РОДЕН ТАТКО МЕ СИЛУВАШЕ ОД ПЕТТАТА ГОДИНА: Шок тврдење на ќерката на познатиот актер! „Нема да молчам повеќе и да гледам како сите му се восхитуваат!“

Најстарата ќерка на германскиот актер Клаус Кински, Паула Кински, изнела шокантни тврдења дека била сексуално и физички малтретирана од нејзиниот татко уште од рана возраст.
Во интервју за магазинот „Стерн“ таа изјавила дека нејзиниот татко, актер најпознат по улогите во филмовите на Вернер Херцог, ја силувал од нејзината петта година и дека тоа траело цели 14. години.
– Почна да ме допира и да ме бакнува со отворена уста кога бев многу мала, имав 5. или 6. години – изјавила Пола Кински, која исто така е актерка и живее во Германија.

This image has an empty alt attribute; its file name is klaus-kinski.jpg


Меѓутоа, легендарниот германски актер Клаус Кински е мртов од 1991. година, па тешко е да се проверат овие тврдења, но неговата ќерка вели дека со години живеела во страв дека никој нема да и поверува, но дека конечно решила да проговори.
Актерката рекла дека со години го трпела неговото насилство, сексуално и физичко, како и вербално малтретирање, како и дека однесувањето на нејзиниот татко често било застрашувачко, пренесува The Guardian.
– Како дете секогаш ја држев устата затворена затоа што ме плашеше. Бев зависна од него и неговото внимание – и нагласила дека нејзиниот татко и рекол дека неговото однесување е многу нормално и дека нема ништо лошо во тоа и дека татковците ширум светот им го прават истото на своите ќерки. Сето тоа детално го опишала во својата книга и на нејзиниот татко, кој починал во 1991. година од срцев удар.

This image has an empty alt attribute; its file name is klaus-kinski-2.jpg


– Ме изеде чувството на вина. Се чувствував како да сум го изневерила и разочарав, тогаш многу плачев – и нагласила дека таа секогаш била растргната помеѓу нагонот да му угоди и да го одбие.
– Ја напишав книгата затоа што повеќе не можам да гледам како го фалат и воздигнуваат од година во година, морав да реагирам – рекла таа и се осврнала на тоа дека нејзиниот татко важи за актерски гениј и дека токму поради оваа причина таа сакала да ја објасни вистинската состојба и да покаже реална слика за својот татко.
Таа, исто така, рекла дека никогаш не може да ги гледа филмовите на нејзиниот татко во кои тој обично глуми тиранни, криминалци и одметници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …