„Скопски маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи од 47 држави – Победи Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат

„Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.
Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија.
Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри ќе биде во 8 часот пред Собранието, а целта на сите трки повторно ќе биде на Плоштадот „Македонија“.
Скопскиот маратон годинава ќе има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета Македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“.
Годинашното издание на 18. „Виз Ер Скопски маратон“ е со финанисиска поддршка од Град Скопје.
Годинашното издание на маратонот ќе биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст.
Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата „Виз Ер“ на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра.

This image has an empty alt attribute; its file name is pobednik-na-skopski-maraton.jpg


Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Виз Ер Скопски маратон 2022. Тој претпладнево патеката долга 42 км низ улиците на македонската метропола ја истрча со време 2 часа 18 минути и 19 секунди.
Втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 2:23,07 часа, а трет Никола Илиевски со резултат 2:43,28 часа.
Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева која на целта стигна по со време 3:04,49 часа. Трета е Тамара Попов со време 3:23,00.
Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …