*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
НЕКОИ поединци поседуваат голема сила и решителност. Овие луѓе се силно мотивирани, па работат напорно, остануваат фокусирани и се борат за она во што веруваат. Имаат цврсти ставови и се справуваат со тешкотиите со голема доза на упорност и одлучност. Најупорните луѓе обично се раѓаат под овие знаци:
Овен
Овните се непобедливи и никогаш не се откажуваат. Тие ќе истраат додека не ги постигнат своите цели и секогаш продолжуваат без разлика на предизвиците. Тие се борат за она што го сакаат, а во исто време добро се прилагодуваат на околностите. Нивната способност да истраат пред тешкотиите има мотивирачки ефект врз другите и е инспирација за многумина.
Бик
Биковите се големи борци. Тие никогаш нема да се откажат, освен ако не се апсолутно сигурни дека нема да успеат. Овие луѓе се многу издржливи, упорни и трпеливи, па затоа секогаш продолжуваат, дури и кога повеќето би се откажале. Не се откажуваат лесно, а со упорност и трпение секогаш на крајот стигнуваат до целта.