Еве како можете да ослабнете без диета и да ја одржите саканата тежина

Доаѓаат студените денови и празничната сезона каде на трпезата секогаш ќе има нешто вкусно, па малку потешко е да ги одржите посакуваните килограми.
Ако не ви падне на памет да избегнувате забави и коктели со пријателите, тогаш слушнете што велат стручњаците – како добро да се забавувате без да се здебелите.

Одете надвор
„Стресот го придружува почетокот на учебната година и враќањето во канцеларија од годишниот одмор, студените денови и добрата храна се во центарот на нашите мисли, а ова може да биде совршен рецепт за дебелеење“, објаснила нутриционистката Лаура Бурак и додала дека токму поради оваа причина е важно да излезете од дома, да пешачите, да возите велосипед… Ако сакате студ и не ви пречи да поминувате часови на ниски температури, тоа е двојна придобивка – ќе ја подобрите циркулацијата, ќе го зголемите респираторниот капацитет, ќе ги зајакнете мускулите, ќе го подобрите дигестивниот систем, ќе се ослободите од стрес и напнатост. Многу едноставен начин да избегнете дебелеење.


Наполнете ја кујната со здрави намирници
Есента е полна со сензационални солени и слатки вкусови кои доаѓаат на нашата трпеза како суперхрана. Науживајте се во овошјето кое не само што е здраво, туку и помага да се зачува тешко стекнатата линија за време на студени и тмурни денови, кога навистина сакаме да јадеме нешто вкусно. Ве очекуваат јаболки, круши, тиква, калинки и друга здрава храна. Наполнете ги фрижидерот и замрзнувачот со овие намирници, за да ви бидат при рака.

This image has an empty alt attribute; its file name is gotvenje.jpg


Гответе дома
Резултатите од студијата од 2014. година покажуваат дека луѓето кои ги подготвуваат своите оброци дома, внесуваат околу 140. калории помалку. Подгответе ручек и појадок во вашата кујна и сигурно сте потрошиле 500 калории помалку од вообичаено. Зарем тоа не е совршен начин да се избегне собирање на килограмите? Јасно е дека ќе се храните многу поздраво ако готвите дома, а не нарачувате оброци од ресторан, една од важните ставки е целосна контрола врз тоа што го внесуваме во организмот.
Лаура Бурак ве советува да ги користите намирниците кои ги нуди есента, а тиквата и јаболката ги посочува како добар извор на витамини и минерали и извори на антиоксиданси, но и ќе внесете помалку калории и помалку сол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …