(ВИДЕО) Шакира и Пике присуствувале на ист настан, потполно игнорирајќи се еден со друг

По гласините за неверство, Шакира и Пике, кои важеа за еден од најхармоничните парови, раскинаа. Секој тргна по својот пат, Пике веќе има нова девојка, а битката за старателство над нивните синови се уште трае.
И двајцата истакнале дека најважно им е да ги заштитат децата и дека ваквата состојба не ги засега.
Нивниот постар син Милан имал безбол натпревар, а Шакира и Пике присуствувале на настанот. Ова беше и прв пат да бидат заедно во јавност откако почнаа гласините за нивното раскинување.

Сепак, сведоци тврдат дека не разговарале, а не се ни погледнале. Пике го следел натпреварот со татко му. И двајцата биле расположени и со задоволство се фотографирале со обожавателите кои им приоѓале.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Социјалното претприемништво како алатка за инклузија- одбележан светскиот ден на лица со попреченост

Вчера, на 4ти декември, во социјалното претпријатие „Кантрисајдретрит“, во с. Опила, Ранковце, се одбележа светскиот …