(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ супериорно до 89-та титула во кариерата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на турнирот од серијата 250 во Тел Авив откако во финалето го совлада Марин Чилиќ со 6:3, 6:4 за час и 34. минути игра.
35-годишниот играч ја освои својата трета титула во 2022. година, односно 89-та во кариерата во најголемиот град во Израел. На почетокот на оваа година тој славеше на Вимблдон, кој беше негов последен турнир пред да дојде во Тел Авив, и на Мастерсот во Рим. Кога станува збор за турнирите од серијата 250, ова е 11-ти пехар за Ноле.

Тоа беше 21. дуел меѓу Србинот и Хрватот и 19. триумф на поранешниот светски тенисер број еден.


Новак стана првиот играч во 2022 година кој освоил барем еден турнир на сите три подлоги, а колку беше супериорен против Чилиќ, потврдува и фактот што Хрватот ја имаше единствената брејк-точка, која не ја искористи, во шестиот гем од вториот сет.

Новак од понеделник ќе учествува на исклучително силен турнир во Нур Султан со преноси на Спорт Клуб.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …