(ФОТО) Театарски уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија, на 28. септември, во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми.
Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје, Васо Ристов и Абигајла Воштина, од Народен театар за опера и балет од Тирана, а дополнително ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.

This image has an empty alt attribute; its file name is nob-sorabotka-3.jpg


„Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање ‘Отворен балкански театарски фестивал’, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби, истакна Гончиќ по потпишувањето.

This image has an empty alt attribute; its file name is nob-sorabotka.jpg


Тој додаде дека „документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“.
Фестивалот се роди со идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означи нов почеток, рече Гончиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is nob-sorabotka-2.jpg


Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гончиќ истакна дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот.
„Драго ми е што досега имавме одлична соработка како три земји, но ‘Отворениот балкански театар’ е шанса уште повеќе да се зближиме, да соработуваме и да си помагаме како институции“, изјави Васо Ристов, директорот на Националната опера и балет на Северна Македонија.

Извор: operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОБ: На 2. декември изведба на балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

На сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2022 со почеток во 20.00 …