(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што го снимија во соработка со Нетфликс и да го одложат неговото емитување.
Принцот Хари и Меган Маркл преземаат драматичен пресврт во нивните претстојни проекти по смртта на кралицата Елизабета Втора, изјавиле повеќе извори за Page Six.
Војводата и војвотката од Сасекс повеќе од една година работат на документарен филм како дел од милионскиот договор со Нетфликс. Шефовите на оваа продукциска куќа, кои сè уште официјално го немаат објавено проектот со нив, се надевале дека документарецот ќе го емитуваат во декември по петтата сезона на тв серијата „Круна“. Славниот пар сега сака да направи повеќе промени и потенцијално да го помести објавувањето до 2023. година.

И мемоарите на принцот Хари се одложени за следната година, иако требаше да бидат објавени за два месеци.
Голем број луѓе запознаени со односите на британскиот двор рекле дека таткото на Хари, кралот Чарлс III, ќе го одложи доделувањето на титулите принц и принцеза на внуците Арчи (3) и Лилибет (1) до објавувањето на различните медиумски проекти на неговиот помлад син и снаа.
Меган и Хари учествувале во уредувањето на книгата и документарецот, а изворите сега велат дека парот сака да се повлече или да го намали тонот на многу од она што го кажале за кралот Чарлс, кралицата сопруга Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.



„Во тек се многу преговори. Слушам дека Хари и Меган сакаат документарецот да се одложи за следната година, тие сакаат да се откажат“, рекол изворот.
Висок претставник на Нетфликс рекол: „Нетфликс сакаше шоуто да биде подготвено за емитување во декември. Има голем притисок врз извршниот директор Тед Сарандос, кој е во контакт со Хари и Меган, да го заврши ова шоу“.

Односите меѓу Меган, Хари и дворот се повеќе од комплицирани. Почитта кон кралицата секако одигра важна улога во нивната одлука, како и спречувањето на нови скандали веднаш откако семејната ситуација донекаде се подобри. Тука се и титулите, а тие веројатно веќе не сакаат да бидат главни иницијатори за афери, макар и во јавноста.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …